Назад кај сите пријави

Разно

Пријавено во категоријаРазно одНаташа до20:22, чет. 7 февруари 2019

Испратено до Општина Карпош пред 3 минута

Детското игралиште во козле, спроти студентскиот дом гоце делчев, е целосно руинирано, горниот дел од каде што се спуштаат децата по лизгалките е со извадени даски кои се многу опасни, има стакло во камчињата и е многу опасно за децата. лулашките се речиси сите скршени. треба да се среди што е можно побрзо додека не настрадало некое дете.

RSS фид за вести за ова прашање Добивајте е-пошта кога се оставени ажурирања за овој проблем.

Ажурирања

  • Почитувана, моментално се чека на тенедер, но како и да е со реновирање ќе се започне после март месец

    Објавено анонимно на10:51, вт. 19 февруари 2019

  • А дали нашите деца може да чекаат и да играат на игралиште полно со опасности? дали ќе се чека додека некое дете не падне од горе од бродот (било брод некогаш одамна, сега се куп расклатени даски), каде што е отворено и искршено, дали ќе се чека додека некое дете не се набоде на една од многуте шајки кои штрчат на сите страни? па тогаш по сите социјални медиуми да се пишува и да се прави притисок, па можеби тогаш нема да мора да се чека и конечно ќе се среди игралиштето и да биде бездбедно. не треба ни да се пријавува вакво нешто, треба редовно да се одржуваат, зашто најранливата категорија расте таму. реагирајте побрзо.

    Објавено анонимно на16:15, вт. 2 април 2019

  • Почитувани, поправката на игралиштето ќе започне од нареден понеделник. со почит, општина карпош

    Објавено анонимно на13:19, пон. 13 мај 2019

Коментирај или Ажурирај

Ве молиме имајте во предвид дека ажурирањата не се испраќаат до општините Вашите податоци ќе бидат искористени само во согласност со нашата политика на приватност

Можете да поднесете ажурирање

Дали имате лозинка?

Да Јас имам лозинка

Заборавена лозинка? Потврдете со е-пошта, осигурајќи една нова лозинка во таа точка. Кога ќе потврдите, лозинката ќе се ажурира.

Не Дозволете ми да потврдам ажурирања со е-пошта

Обезбедувањето на лозинка е опционално, но тоа ќе ви овозможи да пријавите повеќе проблеми, да оставите ажурирања и да управувате со вашите пријави.