ЗА ПЛАТФОРМАТА


Prijavi.mk е Платформа која има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во утврдувањето и решавањето на секојдневните локални проблеми.  Целта на prijavi.mk  е да поттикне поголема интеракција помеѓу единиците на локалната самоуправа и граѓаните, да создаде атмосфера на поголемо граѓанско учество, преку која граѓаните ќе можат  директно да ги искажат нивните жалби и поплаки, а со тоа да вршат  и следење на работата на локалната власт.

Моментално, преку Платформата prijavi.mk може да се пријават долу наведените категории:

  • Отпадоци
  • Дупки на пат
  • Јавно осветлување
  • Загадувачи на воздух (чад од фабрики, домаќинства, возила, депонии)
  • Отпадни води
  • Разно (оштетени тротоари, сообраќајни знаци, стари запустени возила, неисчистени улици и тротоари од снег, мраз и камења, глутница кучиња итн.)


Пријавените жалби и поплаки во prijavi.mk се испраќаат на разгледување кај одговорните општински службеници. Притоа, Јавните сервиси имаат должност да се ангажираат и соодветно да пристапат кон решавање на пријавените проблеми. Секој граѓанин може да ги види пријавените жалби и поплаки, да ги ажурира или да се пријави за известувања.

Prijavi.mk е создадена врз основа на отворената платформа FixMyStreet на mySociety и обезбедена преку DemTools од National Democratic Institute (NDI). 



Проектот „Граѓаните за општината: Работиме заедно за транспарентност и одговорност“ е имплементиран од З.Г. НЕКСУС – Граѓански Концепт, и делумно поддржан со грант од Амбасадата на САД во Скопје. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на реализаторите / авторите и не ги одразуваат оние на Владата на САД.