ПРАШАЊА?



Подолу имате неколку одговори од најчесто поставуваните прашања

⬇ Ако копчето „prijavi.mk” не функционира?

Најверојатно исклучена ви е GPS опцијата на мобилниот. За да го вклучите, следете ги следните чекори:
Со iPhone и iPad:одете во Settings, потоа Privacy и кај Location Services ќе го уклучите на ON -> Safari Services (iPhone)
Со Android: одете во Settings, потоа опцијата Location ќе ja уклучитe на ON.
Со MAC: одете во System Preferences, потоа Security and Privacy во Location Services ќе го уклучите на ON

⬇ Кога го пишувам името на улицата, не се појавува резултат?

Внесете го името на главната улица во вашата близина, потоа во мапата најдете ја вашата улица и поставете го ПИН-от.

⬇ Како можам да имам директна икона од „prijavi.mk” на мобилниот телефон?

Со iPhone и iPad: Кога ќе ја отворите страната на “prijavi.mk”, кликнете на знакот со стрелката надолу на врвот, а потоа кликнете Add to Homescreen
Со Android: Откако ќе ја отворите страна на „prijavi.mk”, кликнете на Menu и Add to Homescreen.

⬇ Која интернет мрежа ми треба за да пријавам во „prijavi.mk”?

Потребна е најмалку 3G интернет на мобилниот или 256КВ интернет брзина во компјутер


Приклучување во платформата

⬇ Како да се најавам во платформата преку Facebook за да пријавам жалба?

Најлесен начин за пријавување жалба е со кликнување на копчето „prijavi.mk” или со внесување на името на вашата улица. Откако ќе ја прикачите сликата и одберете категоријата, кликнете на копчето Facebook. Потоа вашата e-mail адреса со која сте регистрирани ќе се појави во овие социјални мрежи. Потоа сте вклучени

⬇ Како да се најавам во платформата ако немам Facebook?

Кликнете на копчето за е-пошта на пријавата и кликнете на Испрати потврда. Потоа добивате е-пошта од „prijavi.mk” за да потврдите дека ова е навистина вашата е-поштенска адреса. Во таа е-пошта од „prijavi.mk”, кликнете на копчето „Yes, this is my address” и автоматски сте логирани во „prijavi.mk”

⬇ Како можам да се одјавам?

Во „Вашата сметка” на левата страна имате копче Одјави се


Пријавување на жалба

⬇ Дали е задолжително слика за пријавување?

Да, слика и избирање на категорија се задолжителни за пријваување. Додека пак, коментарот не е задолжителен.

⬇ Колку слики можам да поставам со жалбата?

До 3 слики за една пријава.


Преглед и коментари на жалбите

⬇ Како да ги видам сите пријави што ги имам направено?

Кога се пријавувате во „prijavi.mk”, алатката „Логирај се„ станува „Вашата сметка”. Кога ќе кликнете во „Вашата сметка”, се појавува интерактивна мапа со зелени Гилберти за секоја пријава што сте ја направиле. На десната страна од екранот (долу на мобилниот), се прикажуваат сликите со информации за вашиот статус за пријавување (ако е уредуван, разгледан, закажан или било кое друго ажурирање).

⬇ Како да ги видам сите пријави направени во мојата општина?

На насловната страна, кликнете „Сите пријави„, потоа одберете ја вашата општина. Се отвара интерактивната мапа на вашата општина и можете да ги видите сите пријави направени во вашата општина.

⬇ Како можам да видам само една категорија пријави во мојата општина?

На левата страна кај „Пријави” има филтер „Подреди според категорија”. При изборот на категорија (пример: отпад), тогаш на мапата ќе бидат прикажани само пријави за таа категорија (отпад).

⬇ Како можам да коментирам во претходна пријава?

Ако сакате да коментирате во пријавена жалба или да направите ажурирање, кликнете на сликата или на ПИН-от. Во десната страна, се отвара страница „Ажурирај”. Таму можете да оставите коментар или да испратите слика ако ситуацијата е променета

⬇ Како можам да бидам известен за било какви пријави кои се направени во близина на мојата улица?

Прво мора да бидете најавени во „prijavi.mk” (Facebook или e-пошта). Потоа на насловната страна, кликнете на копчето „Локални известувања” и внесете го името на вашата улица. Кога ќе ја пронајдете вашата улица, внесете ја вашата е-поштенска адреса и секогаш кога ќе се пријави жалба во близина на вашата улица, ќе бидете известени преку е-пошта

⬇ Како можам да направам ажурирање на мојата пријава?

Само кликнете на ПИН-от на вашата пријава и испратете слика или коментирајте.

⬇ Можам ли да ажурирам пријава на некој друг?

Да, следи ги чекорите од претходното прашање.


Статус на пријавите

⬇ Како можам да видам дали општината има поправено пријава што сум ја направил?

Прикачете го курсорот до ПИН-от на вашата пријава. На страна истакната е сликата на таа пријава, и под сликата може да се најде статусот (ако е корегирано тогаш ознаката е „Поправено”). Или кликнете на ПИН-от каде ја означува вашата пријава, се отвара страницата на оваа пријава и тука можете да ги видите сите ажурирања од општината и останатите информации.